Поврзете се со нас

Формула 1

Трките во Силверстоун неизвесни поради финансиски причини

Објавено

на

Патеката Силверстоун треба да биде домаќин на две трки според ревидираниот календар на Формула 1, но тие сега се неизвесни поради недоразбирањата меѓу организаторите и раководството на Ф1.

„Би-Би-Си“ објави дека одговорните во Силверстоун побарале 15 милиони фунти за двојниот викенд кој треба да се одржи без публика, а тоа е сумата која Формула 1 не сака да ја плати во ситуација во каква што се наоѓа оваа сезона.

Формула 1 е подготвена да издвои сума со која нема да дозволи финансиски проблеми за Силверстоун, односно ќе ги покрие трошоците на патеката, како и дел компензација за загубените приходи од билети и спонзорски договори.

Доколку наредните денови не бидат приближени позициите на двете страни, можно е менаџерскиот тим на Ф1 да се одлучи тие две трки да се одржат на Хокенхајм или Имола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни