Свет
Трката за „Златната топка“ била многу тесна: Откриено за колку гласови Родри го победил Винисиус Жуниор
Шпанскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Родри беше прогласен за најдобар фудбалер на годината или поточно ја доби најпознатата, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот „Златната топка“.
Голем дел од јавноста очекуваше признанието да заврши во рацете на Винисиус Жуниор, а Родри да биде само во најтесниот круг заедно со уште неколку играчи од Реал Мадрид, меѓутоа се случи друго сценарио во кое Шпанецот доби најголем број на гласови и дојде до наградата.
Колку трката била тесна најдобро говорат објавените резултати кои велат дека играчот на Сити славел пред Вини Жуниор со 41 разлика.
Родри освоил 1,170 поени од максимални 1485, додека пак Вини застанал на 1129. Џуд Белингам пак има минус од 253 во однос на победникот, додека разликата меѓу првиот и четртиот (Дани Карвахал) е дури 620 поени.
Rodri is our 2024 Ballon d’Or! Find out more about the 2024 voting details!https://t.co/1OgZ3qMk90#ballondor pic.twitter.com/kb69T161DD
— Ballon d'Or (@ballondor) November 8, 2024
-
Англија15 часа
Антонио имаше тешка сообраќајна несреќа, Вест Хем се огласи со информација за неговата состојба
-
Шпанија13 часа
Флик: Ова никогаш не ми се случило во кариерата…
-
Франција20 часа
Ал Келаифи: Игрите на Мбапе во Реал? Посакувам само едно нешто……
-
Меѓународни настани20 часа
Талентираниот кајакар Смилев има големи амбиции: Главна цел ми е една Олимпијада
-
Англија23 часа
Аморим: Јунајтед е голем клуб, но не и голем тим
-
Англија18 часа
Одложеното дерби ни донесе малер на денот: Ја потрошил цела заштеда за да го гледа последното Мерсисајд дерби на „Гудисон парк“ (Фото)
-
Шпанија22 часа
Реал Мадрид остана без уште една ѕвезда за дуелот со Џирона
-
Балкан18 часа
„Втората звездина звезда“ доби споменик на Маракана: Легендарниот Шекуларац вечно ќе биде составен дел од Црвена Звезда