Поврзете се со нас

Формула 1

Трката во Турција отпадна од Ф1 календарот, Австрија доби уште еден Ф1 викенд

Објавено

на

Само шест недели откако ФИА соопшти дека во актуелната Формула 1 сезона ќе има трка и во Турција, истата е откажана.

Трката во Истанбул беше вметната во календарот како замена за трката во Канада планирана за викендот од 11 до 13. јуни, но сега не е возможно да се организира трка на турска територија, откако земјата е ставена на црвената листа за патување на Велика Британија.

Новата промена носи втора трка во Австрија, или Ф1 викенд меѓу 25 и 27 јуни, поради што трката предвидена за Франција се поместува наназад (18-20 јуни).

Тоа значи дека Формула 1 возачите ќе бидат во болидите три викенди по ред, стартувајќи од патеката „Пол Рикар“ во Франција, па потоа два пати ќе се тркаат во Австрија.

Ф1 на овој начин задржува 23 трки во својот натпреварувачки календар, со задржано стравување дека некоја од трките во Бразил, Мексико, Сингапур, Јапонија и Австралија може да биде откажана нешто подоцна во текот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни