Поврзете се со нас

Формула 1

Трката на Монца заврши на најнепопуларен начин, тифозите ја исвиркаа одлуката

Објавено

на

Трката за Големата награда на Италија заврши на најнепопуларен начин, бидејќи сите болиди беа подредени зад безбедносното возило кое влезе на патеката во 47-от круг.

Луѓето за безбедност на патеката реагираа доста бавно и не успеаја да создадат услови за тркање до последниот 53-ти круг на Монца, па така Макс Ферстапен стигна до нова победа во актуелната натпреварувачка сезона во Формула 1.

Холанѓанецот стартуваше седми и одново правеше пресврт уште во првиот круг, па откако се најде зад Расел, лесно мина пред болидот на Мерцедес и пред него остана само Леклер уште во четвртиот круг. Во тие моменти, Макс минимално ја намалуваше разликата во однос на лидерот, по што Ферари се одлучи на тактика на изненадување, влегувајќи рано во бокс.

Леклер доби средна компонента на гуми и се реши да ја добива трката со стратегија, но сепак тоа се покажа како погрешна одлука, бидејќи Макс одлично ги сочува најмеките гуми, а потоа лесно ја одржуваше предноста и со средно меки.

Во финишот на трката, Макс имаше комотна предност од 17 секунди разлика пред да влезе безбедносното возило, па до крајот немаше тркање и заврши како прв за петта победа во низа. Ваквиот крај ги разочара тифозите на трибините и со свирежи ја испратија одлуката на стјуардите, а разочаран беше и Леклер кој се жалеше преку тимското радиот што трката заврши на најнепопуларен начин.

Шарл мораше да се задоволи со второто место, трет заврши Расел, а меѓу првите десет беа уште Сајнц, Хамилтон, Перез, Норис, Гасли, Де Врис и Жу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни