Поврзете се со нас

Формула 1

Трка за паметење: Ферстапен со шампионско издание стигна до победа на Интерлагос!

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Макс Ферстапен уште еднаш на дело покажа дека е едноставно недопирлив кога се вози во услови на дожд на Ф1 патеките, па така денеска со шампионско издание значително се доближи до својата четврта титула во „најбрзиот циркус“.

Иако стартуваше дури 17-ти на трката за Големата награда на Бразил, Ферстапен уште на самиот старт јасно стави до знаење дека не планира да се откаже од самиот врв и подиумот, па веќе по десетина круга се најде зад Шарл Леклер кој беше петти во поредокот.

Возачот на Ферари не можеше да го следи темпото на шампионот и реши да замине во бокс, а тоа неочекувано го направија и првите двајца во тие моменти, Џорџ Расел и Ландо Норис.

Возачот на Мекларен уште на стартот го загуби првото место од Расел и возеше зад него, но испадна дека двајцата направија тактичка грешка, бидејќи набрзо по нивното влегување во бокс, на патеката беше покажано црвено знаме.

Ферстапен убедливо најмногу профитираше од оваа ситуација и се најде на второто место зад Естебан Окон, за потоа да дочека уште една услуга при еден брз рестарт по заминувањето на безбедносното возило.

Макс изби на првата позиција во 43-от круг и потоа доминатно изјуриша до првата победа во Формула 1 по пауза од десет трки, оставајќи го зад себе Окон со предност од 20 секунди.

Ова доминатнно издание во тешки услови уште еднаш демонстираше дека Макс е „крал“ кога се вози на дожд, па така викендот кој изгледаше кошмарен за него, на крајот се претвори во викенд за паметење.

И покрај лошите квалификации и казната од пет места, Ферстапен заврши прв и практично го реши прашањето околу одбрана на титулата, бидејќи ги искористи и слабите перформанси на Норис на влажната патека Интерлагос.

По рестартот, Ландо направи грешка и падна на седмото место, но потоа беше пуштен од својот тимски колега Пјастри и на крајот заврши шести.

Фактот што Макс извозе и најбрз круг му донесе дополнителен бод од оваа трка (вкупно 26), па сега има 62 поени повеќе од Норис пред последните трки трки во сезоната. Покрај Макс, трки за паметење имаа возачите на Алпин, Окон и Гасли кои завршија на подиумот, Расел на крајот заврши четврти, додека Леклер не наиде на посериозни напади од Норис. Меѓу првите десет завршија и Цунора, Пјастри, Лосон и Хамилтон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни