Поврзете се со нас

Европски првенства

Триумф за душа: Македонија со победа над Швајцарија го запечати пласманот на ЕП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација со триумф над Швајцарија од 29-28 стави точка на квалификациите за пласман на Европското првенство кое наредната година ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Швајцарците се закануваа пред средбата во Скопје, беа уверени дека ќе не победат и ќе обезбедат место на континенталниот собир, ама на крајот останаа со празни раце или поточно се остварија најавите на Кирил Лазаров за велигденско, празнично славје во СЦ „Јане Сандански“.

Ова беше битка која беше многу неизвесна, двете селекции се менуваа во водство, меѓутоа кога се решаваше победникот во второто полувреме ние покажавме карактер, знаење и дојдовме до посакуваниот резултат со кој го затворивме овој циклус со пет триумфи и еден пораз од светскиот шампион Данска.

Лазаров и Кузмановски дадоа по шест гола, додека Митревски имаше 17 интервенции. Кај Швајцарците, Рубин даде девет гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни