Поврзете се со нас

НБА

Трипл-дабл учиноци на Јокиќ и Дончиќ, Лејкерс продолжи со одличните партии на домашен терен (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.si.com

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ одново имаа специјални партии во НБА лигата, трипл-дабл учиноци, меѓутоа нивните изданија не беа наградени со победи на нивните Денвер Нагетс, односно Далас Маверикс.

Бранителот на пехарот беше поразен на гостувањето кај Сакраменто Кингс со 123:120. Три од четирите четвртини беа изедначени, па како клучен се покажа вториот период кој домаќините го реализираа со 39:20.

Фокс имаше 26 поени со 16 асистенции, резервистот Монк додаде 26 кошеви. Јокиќ пак во негов стил испорача 36 поени со 13 скокови и 14 асистенции, Џексон беше зад него со 20 кошеви.

Дончиќ пак во својот прв меч откако стана татко реализираше 36 поени, 15 скокови и 18 асистенции, ама и ова не беше доволно за Далас да ја сруши Оклахома Сити Тандер на домашен терен (126:120). Маверикс имаше неверојатна серија од 30:0 во последниот период, го презема водството, но сепак последниот збор го имаа гостите кои закрепнаа од овој удар и на крајот се израдуваа на 13 триумф со што се на второто место во западната конференција.

Дури осум играчи на ОКЦ беа двоцифрени, најефикасен беше Вилијамс (Џејлен) со 23 поени.

ЛА Лејкерс кога игра пред своите гледачи е друг тим и чист доказ за тоа е што има учинок 8-2. Последното славје беше над Хјустон со 107:97 во кое предводник беше Дејвис со 27 поени и 14 скокови.

Резултати:

Бруклин – Орландо 129:101
Детроит – Кливленд 101:110
Чикаго – Њу Орлеанс 124:118
Мајами – Индијана 129:144
Милвоки – Атланта 132:121
Далас – Оклахома 120:126
Феникс – Мемфис 116:109
Јута – Портланд 118:113 (прод.)
Сакраменто – Денвер 123:117
Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 107:97
ЛА Клиперс-Голден Стејт 113:112
Шарлот-Минесота 117:123

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни