Поврзете се со нас

НБА

Трипл-дабл партија на Јокиќ против „пеликаните“, „воините“ се разбудија во Чикаго (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.sandiegouniontribune.com/

Екипата на Денвер Нагетс славеше над Њу Орлеанс Пеликанс со 125:113 во дерби натпреварот во западната конференција во НБА лигата.

„Пеликаните“ играат добро и ова беше сериозен тест за актуелниот шампион, тест кој успешно беше решен и тоа со одлична тимска игра. Јокиќ беше лидер со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции, поточно ова за него беше 12. сезонски трипл-дабл. Меѓутоа и останатите членови од првата петорка како и резервистот Џексон беа двоцифрени, а кога е така тешко е да се совлада Нагетс на негов терен во Колорадо.

Голден Стејт Вориорс игра слабо во овој прв дел од натпреварувачката 2023/2024, но овој тим има играчи со карактер, играчи кои имаат освојувано титули и може лесно да се свртат работите.

„Воините“ тоа го покажаа на гостувањето во Чикаго каде постигнаа дури 140 поени, односно славеа со 140:131. Томпсон и Кари искомбинираа 57 поени, Куминга пак од клупата додаде 24, а со двоцифрен ефект беа уште Шариќ, Вигинс и центарот Џексон Дејвис.

Залудна за „биковите“ беше партијата на ДеРоузен од 39 поени.

Резултати:

Хокс – Пејсерс 108:126
Пистонс – Рокетс 110:112
Сиксерс – Кингс 112:93
Булс – Вориорс 131:140
Гризлис – Клиперс 119:128
Хит – Меџик 99:96
Тимбервулфс – Блејзерс 116:93
Спарс – Хорнетс 135:99
Џез – Репторс 145:113
Нагетс – Пеликанс 125:113

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни