Поврзете се со нас

НБА

Трипл-дабл на Дончиќ за нова победа на Далас, Лејкерс со тимска игра ја прекина лошата серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Далас Маверикс влезе во одличен ритам и најдобар доказ за тоа се деветте победи на десетте последни натпревари во НБА лигата.

Последната беше остварена рано утрово против Оклахома Сити Тандер и тоа со резултат 104-102.  Домашниот тим постојано беше чекор, два пред противникот и сосема заслужено дојде до ново славје со кое ги израдува навивачите во Тексас.

Дончиќ погоди само 4 од 17 шута од игра, но без разликата на тоа успеа да реализира трипл-дабл од 20 кошеви, 11 скокови и 12 асистенции. Уште пет играчи беа двоцифрени, а најефикасен од нив беше Фини Смит со 17 поени.

ЛА Лејкерс ги остави зад себе трите порази во низа и пред се срамното издание против Денвер (133-95), односно истите ги избриша со една квалитетна, тимска партија против Јута Џез.

„Езерџиите“ славеа во својот дом со 101-95 и тоа во средба во која главна улога одиграа играчи од клупата, Џонсон даде 15, Монк 14, а Хортон Такер 11 кошеви. Леброн како лидер пак беше автор на 25 поени со 7 скока и исто току асистенции, плејмејкерот Вестбрук додаде 15 со 8 скоков.

Кај „џезерите“ потфрлија Мичел и Богдановиќ кои заедно искомбинираа само 18 поени, прво име беше искусниот Конли со 20 уфрлени поени.

НБА резултати:

Бостон – Њу Орлеанс 104:92
Њујорк Никс – Шарлот 87:97
Вашингтон – Филаделфија 117:98
Кливленд – Бруклин 114:107
Лос Анџелес Клиперси – Индијана 139:133
Мемфис – Чикаго 119:106
Атланта-Милвоки 121-114
Орландо-Портланд 88-98
ЛА Лејкерс-Јута 101-95
Сан Антонио-Феникс 107-121
Далас-Оклахома 104-102
Мајами-Торонто 104-99

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни