НБА
Трипл-дабл магија на Јокиќ за дерби победа на Денвер, нова брутална партија на Адетокумбо (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа над Голден Стејт Вориорс со 134-117 во дербито на западната конференција во НБА лигата.
Ова за составот од Колорадо беше втора победа во вториот сезонски дуел против актуелниот првак што е јасен доказ дека во моментов е далеку подобар тим од „воините“ кои имаа доста проблеми и најдобар доказ за тоа е учинок од 26 победи и исто толку порази со што се на 9 место на Западот.
Повторно лидер беше Јокиќ кој дојде до 17. сезонски трипл дабл (22 поени, 14 скока и 16 асистенции), односно кога тој има ваков учинок Денвер е непобедлив во кампањата 2022/2023. Исто така вреди да се напомене дека Мари беше одличен со 33 кошеви, а двоцифрени беа уште четворица играчи.
Кај поразените најсветла точка беше Кари со 28 поени.
Милвоки Бакс пак беше подобар од Лос Анџелес Клиперс со 106-105 и тоа во средба во која нова монструозна партија имаше Јанис Адетокумбо. Гркот имаше 54 поени со 19 скокови, додека најголема поддршка му беше Мидлтон соо 16 кошеви. Ова за Бакси беше шести триумф во низа со што држат чекор со водечкиот Бостон Селтикс во источната конференција.
Резултати НБА: Индијана – ЛА Лејкерс 111:112, Кливленд – Мемфис 128:113, Њујорк – Мајами 106:104, Чикаго – Шарлот 114:98, Далас – Њу Орлеанс 111:106, Денвер – Голден Стејт 134:117, Милвоки – ЛА Клиперс 106:105.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……