Поврзете се со нас

Англија

Трипие влезе во конфликт со навивачите на Њукасл: Колку повреди имаме…(ВИДЕО)

Објавено

на

Њукасл доживеа непријатен пораз од Борнмут на вечерашното соочување на „Виталите“ (2-0), пораз кој за многумина е големо изненадување, но ако се погледне комплетната ситуација кај гостите, повредите, недостапните играчи, напорниот распоред тогаш резултатот и не е нереален.

Ослабениот Њукасл се сруши на „Виталити“ (ВИДЕО)

Имено Њукасл не можеше да смета на играчи како Исак, Вилсон, Гимараеш, Ботман, Барнс, Брн, Тонали, Таргет и уште неколку други имиња, плус во првиот дел играта мораше да ја напушти и Алмирон тогаш повеќе од јасно е дека тие фудбалери кои беа достапни се обидоа да дадат се од себе на вечерашниот меч.

Токму поради ова Киран Трипие влезе во конфликт со некој од навивачите на Њукасл кои имаа примедби, беа незадоволни, па англискиот репрезентативец се соочи со нив и им порача:

-Дали момците не даваат се од себе? Колку повреди имаме, колку повреди имаме? Еј, -порача Киран пред да биде повлечен на страна од Жоелинтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни