Англија
Трипие: Рајс е подобар од Касемиро

Деклан Рајс е еден од играчите за кого веќе неколку години се говори во Англија, но засега тој нема направено поголем чекор кога е во прашање успесите, кариерата која ја гради во Вест Хем.
Тој е исклучително ценет пред се од Англичаните, па останува да се види дали токму оваа 2023 ќе биде година во која ќе се пресели во нова средина, докаже на повисоко ниво во состав во кој ќе има поголема, пожестока конкуренција. Во меѓувреме неговиот сонародник и воедно репрезентативен колега Киран Трипие даде храбра изјава и посочи дека Деклан е подобар од Касемиро, играчот кој испиша историја со Реал Мадрид, а во актуелнава сезона добро се сноѓа во Манчестер Јунајтед.
-Да, би го избрал Рајс пред Касемиро. Дефанзивци како мене или како тебе, ценат играчи како Керик или Деклан за тоа што го прават. Тој ви ја олеснува работата. Не ме сфаќајте погрешно, Касемиро, трофеите што ги освои, ЛШ, тој е играч од светска класа, но ако зборувате во моментов, Декс е неверојатен, -истакна Трипие за Јутјуб каналот на Рио Фердинад притоа порачувајќи и дека членот на „чеканите“ и е пред Томас Парти.
-Деклан, тој е неверојатен. Не знам дали го гледаше мечот пред некој ден кога [Њукасл] играше Вест Хем, но само неговата интелигенција, начинот на кој тој ја освојува топката и како игра со неги и колку е моќен. Неверојатно веројатно еден од најдобрите во светот во она што го прави, порача бекот на Њукасл.
-
Германијапред 23 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 19 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Францијапред 24 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 21 час
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 13 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик