Трипие откри каков луд прекар добил од Диего Коста: Не сум видел нешто позабавно

diego-tripie

Киран Трипие брзо се адаптираше на шпанскиот фудбал и покрај големата промена која ја направи од Премиер лигата во Примера, но како што вели тој, покрај Чоло Симеоне, голема заслуга за тоа имаат и неговите нови соиграчи кои направиле се за да се чувствува како во родната земја.

Репрезентативниот десен бек е еден од многуте играчи кои пристигнаа во составот на Диего Симеоне ова лето, но покрај огромната дисциплина и феноменалните методи на тренерот, Трипие е воодушевен и од фантастичната атмосфера која владее во тимот. Поранешниот бек на Тотенхем вели дека во Атлетико го пронашол и најзабавниот лик откако е дел од професионалниот фудбал, а тоа во ситуацијата е прилично откачениот Диего Коста кој му смислил и необичен прекар на Трипие.

– Најмалку десет пати на ден ме вика „Руни“! Постојано се шегува и тоа прерасна во прекар. Постојано се смеам со него, таков е Диего. Навистина се забавувам, постојано се шегува со сите. Го познавав од Премиер лигата и можам да кажам дека никогаш не сум видел нешто позабавно. Тој е најзабавниот играч со кој сум ја делел соблекувалната. Всушност, атмосферата во цел тим е одлична, сите се смееме, но Диего е над сите, – објаснува Трипие во итервјуто за „Марка“.

Facebook Коментари