Поврзете се со нас

Англија

Трипие ја заврши приказната со Баерн, па порача: Нема место каде што повеќе би сакал да бидам

Објавено

на

foto:twitter.com/sportbible

Киран Трипие беше трансфер цел на Баерн Минхен кој притискаше за него во овој зимскиот преоден рок, меѓутоа откако не се најде решение, формула за реализација на оваа операција бундеслигашот се сврте кон Саше Бое од Галатасарај, играч кој денеска официјално беше претставен на „Алијанц Арена“.

Баерн официјално го потврди второто јануарско засилување (Фото)

Англискиот интернационалец останува во Њукасл, па по триумфот на неговиот тим над Фулам во ФА Купот испрати јасна порака.

-Нема место каде што повеќе би сакал да бидам. Имаше многу шпекулации за мене, но како и секогаш, јас сум посветен овде, 100 проценти посветен како што сум од првиот момент кога потпишав.

-Готово е (за интересот од Баерн).Како што кажав претходно, посветен сум. Имав убав одмор со семејството и не се грижам за ништо. Посветен сум на клубот – тие направија многу за мене и сакам да вратам. Бев тивок, но не ги фрлав играчките од количката или ништо друго. Среќен сум овде, како што секогаш сум велел и сакам да дадам се за клубот, -истакна Трипие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни