Триото на Вардар ја растури Чешка, Русија ќе игра на ракометниот мундијал

timur-russia

Русија и Чешка ова попладне го одиграа реванш мечот во бараж дуелот за пласман на Светското првенство кое се игра наредната година во месец јануари, натпревар на кој едноставно брилјираа ракометарите на Вардар кои им донесоа огромна радост на домашните фанови.

„Зборнаја“ го започна овој меч со еден гол негатива по првиот меч кој се одигра во Чешка (27:26), но не само што ја неутрализираа оваа негатива, туку репрезентативците на Русија им одржаа вистинска лекција на Чесите кои останаа без посакуваниот настап на мундијалот. Русија тргна агресивно уште од самиот старт и ја контролираше играта во секој поглед, па така на полувремето имаше посакувана предност од три гола разлика. Домаќините не застанаа тука, па во вториот дел уште поагресивно го нападнаа голот на Чесите, па на крајот со преубедливи 29:21 ја заверија мундијалската виза.

Сергеј Горбок кој веќе го договори враќањето во Вардар беше убедливо најдобар поединец со седум постигнати гола, а за спектакуларно попладне на вардаровото трио се погрижија и Димиров и Шишкарев кои го следеа со по четири гола во противничката мрежа.

Facebook Коментари