Поврзете се со нас

Италија

Триото на Лацио ги доби казните за црвените картони, Гендузи помина најлошо

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио го заврши дербито со Милан со три играчи помалку на натпревар на кој судијата Марко Ди Бело ги разочара фановите и си заработи подолга пауза од делегирање на натпреварите во Серија А.

Пелегрини, Марушиќ и Гендузи беа испратени во соблекувална порано од предвиденото, а денеска дисциплинската комисија ги одредила и казните за фудбалерите кои добија црвени картони.

Марушиќ и Пелегрини ќе паузираат еден натпревар, додека Гендузи кој имаше физички контакт со Кристијан Пулишич заработи две средби суспензија поради директниот црвен картон.

Казна доби и тренерот Маурицио Сари, кој исто така ќе пропушти еден дуел, односно нема да го води Лацио во понеделник против Удинезе.

Посериозна санкција доби Иван Јуриќ, па Торино ќе ги одигра следните два натпревари без својот тренер покрај аут-линијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни