Поврзете се со нас

Евролига

Тринкијери пред решавачките битки во Евролигата: Срцето ми вика Партизан, ама…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bczalgiris

Во кошаркарската Евролига се игра последното 34. коло во кое ќе го добиеме последниот тим со билет за разигрувањето или поточно за плејин фазата.

Пол позицијата ја има Анадолу Ефес кој ако слави против отпишаната Црвена Звезда тогаш ќе се избори за нова можност за пласман во плејофот. Партизан пак од позадина ќе очекува друга разрешница, услуга од вечниот ривал и потоа триумф над Валенсија за обезбедување на десеттото место на табелата.

Свој коментар за оваа ситуација даде италијанскиот стратег и предводник на Жалгирис, Андреа Тринкијери кој порача:

-Ако треба да бидам рационален и логичен, мојот одговор е Ефес. Ако одлучам со срце, тогаш велам Партизан. Не можам и двете да ги ставам во иста реченица, -порача Италијанецот кој е поранешен тренер на „црно-белите“ од Белград.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни