Поврзете се со нас

Шпанија

Тринкао за односот со Меси: На почетокот беше чудно…

Објавено

на

foto: x.com/SportingCP

Франциско Тринкао важи за еден од најдобрите играчи на Спортинг Лисабон и се чини само прашање е на време кога одново ќе во видиме во некој од клубовите од топ лигите во Европа каде веќе има настапувано за Барселона.

Тој со добрите изданија во Брага се наметна и се пресели во Барселона каде сепак не се задржа премногу и беше позајмен во Вулверхемптон, Спортинг каде настапува и денеска. Во шпанскиот великан имаше можност да соработува со доста квалитетни играчи, легенди меѓу кои и Лионел Меси.

На почетокот му било тешко да прифати некои културни разлики, но како што минувало време сфатил дека јужноамериканците постојано го прават.

-На почетокот беше малку чудно, бидејќи културно, во Аргентина и Уругвај многу се бакнуваат за да се поздрават и чудно беше Меси да ме поздравува со бакнеж секогаш кога доаѓав на академијата. Потоа се навикнав, но во првите неколку недели ми беше тешко. На теренот Меси беше многу мирен. Тој ни даде пример повеќе отколку што ни зборуваше, ни помагаше на теренот, каде треба да одиме и што да правиме. Ќе ни кажеше нешто и ние ќе го прифатиме бидејќи тоа што го кажуваше беше вистина.

-Со тоа што имаш 20 години и имаш клуб како Барса кој вели дека те сака, мислам дека никој не може да каже не. Никогаш не би кажал не на Барселона, но зрелоста доаѓа со годините. Ако продолжам вака, со оваа конзистентност, сигурен сум дека ќе бидам подобар за две години. Да се дефинирам себеси? Тешко е… Но би рекол дека сум скромен, многу благодарен за она што го имам и човек што многу напорно работи, -истакна Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни