Лига на нации
Тринкао се претвори во херој, Португалија се издигна и покрај лошиот пенал на Роналдо (Видео)

Португалија успеа да ја заборави ужасната партија на „Паркен“ во Копенхаген и се претстави во далеку подобро светло вечерва во Лисабон, натпревар на кој ја остави зад себе фудбалската лекција која ја доби од Данска на нејзин терен.
Тимот на Роберто Мартинез имаше стопроцентна шанса да поведе уште во 6-та минута кога Кристијано Роналдо ја стави топката на белата точка, но наместо очекуван гол, видовме ретко лош изведен пенал од капитенот, кој беше лесно прочитан од Каспер Шмајхел.
Нереализираниот пенал сепак не влијаеше негативно врз самодовербата на домаќините, па Португалија до крајот на првиот дел поведе со автоголот на Андерсен, што само беше најава на исклучително неизвесното второ полувреме.
Данците се вратија во игра и израмнија преку Кристенсен на 1:1, но набрзо после тоа, Роналдо не погреши по вторпат и од игра повторно ја врати предноста за домаќините.
Резултатот 2:1 гарантираше продолженија, но Данска повторно постигна гол за 2:2, овојпат преку Ериксен. Гостите беа блиску до пласман во полуфиналето во Лигата на нации, но со такво нешто не се согласи Тринкао, кој вечерва прерасна во херој на „Жозе Алваладе“.
Фудбалерот на Спортинг погоди за 3:2 и продолженија во 86-та минута, а потоа во дополнителните 30 минути го постигна голот за 4:2. Пред самиот финиш на натпреварот, во листата на стрелците се запиша и Рамош за конечни 5:2 и полуфинале меѓу Португалија и Германија на завршниот турнир во Лигата на нации.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Италија17 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Италија13 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија18 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија19 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија24 часа
Кин има интересен трансфер предлог за Де Брујне: Нема да мора…
-
Англија15 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Англија17 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал
-
Шпанија13 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)