Поврзете се со нас

Одбојка

Трилер завршница во финалето: Француските одбојкари испишаа историја во Токио

Објавено

на

Франција го освои и второто олимписко злато во елитен тимски спорт во неполни два часа, бидејќи по ракометната драма во која славеше тимот на Жил, попладнево победија и одбојкарите во оваа земја.

Француските одбојкари испишаа историја за својата земја, бидејќи за првпат во историјата оваа земја дојде до златен медал на еден одбојкарски турнир на Олимпијадите.

Во финалето, предизвикот не можеше да биде поголем и потежок, бидејќи за противници ги имаа моќните Руси, кои сепак не ја оправдаа фаворитската улога на теренот.

Французите отворија фуриозно во финалето и по двата сета кои ги добија со 25:23 и 25:17 се доби впечаток дека ќе победат во три експресни сета, но така не мислеа и Русите кои успеаја да се вратат и да режираат трилер завршница.

Рускиот состав со идентични 25:21 беше подобар во третиот и четвртиот сет и израмни на 2:2, па во одлучувачкиот сет, решаваа нијансите и подобрата ментална подготвеност на играчите во дадениот момент.

Во таква ситуација, како подобри се покажаа Французите кои победија со 15:12, а со тоа испишаа историја со првиот златен медал во овој спорт. Русите на крајот се задоволија со сребрен медал, а бронзата им припадна на Аргентинците кои во малото финале беа подобри од Бразилците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни