Трилер во Јорк: Спектакуларниот Акани го препоти својот идол Рони О’Саливен

OSaliven-Akani

Рони О’Саливен избори пласман во четвртфиналето на Британскиот снукер шампионат, но се движеше на работ на елиминација откако противникот Сани Акани играше фантастично и пропушти неколку шанси да ја оствари најголемата победа во кариерата.

Тајландскиот снукер мајстор водеше со 2:0 и 4:2 против „ракетата“, стигна и до 5:4, но направи неколку грешки во десеттиот и решавачкиот единаесетти фрејм, овозможувајќи на О’Саливен да ги компензира своите промашувања и послаби потези за конечни 6:5. Акани кој има само 22 години ги воодушеви снукер експертите и веројатно заработи многу фанови со својот настап против големиот фаворит.

Во утрешното четвртфинале противник на О’Саливен ќе му биде Гулд, додека во останатите парови во Јорк се среќаваат Деј-Џојс, Мегваер-Пери и Марфи-Кинг во уште еден дуел кој ветува многу возбудувања.

Facebook Коментари