Трилер во Чиле: Паредес му ја „украде“ титулата на Хант!

Photographer Credit:
Romina Amato/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Romina Amato/Red Bull Content Pool

Во еден малку веројатен ден на драма, на финалето од светската серија за 2017 година во Лаго Ранко, Чиле, Мексиканецот Џонатан Паредес го изведен најдобриот скок на денот и воедно во својата кариера, со што го совлада шесткратниот шампион Гери Хант од Англија, кој мошне невообичаено потфрли во финалниот скок од Рининае водопадите, лоцирани во подножјето на Андите. На Паредес му се приклучија Чехот Михал Навратил и Италијанецот Алесандро де Росе освојувајќи ги второто и третото место на пиедесталот.

Кај жените, Австралијанката Ријана Ифленд ја надмина повредата за да прикаже срце на вистински шампион, а со тоа и да ја обезбеди втората титула во исто толку сезони на натпреварување. Јана Несцијарева од Белорусија и сонародничката од Австралија, Хелен Мертен завршија на ова шесто натпреварување од сезоната како второ и трето пласирани.

На локацијата каде што штотуку исчезнаа и последните знаци на зимата, 28-годишниот Паредес конечно доживеа да биде она што го сугерира неговиот прекар – господар на стилот – при што изведе нов скок кој има повисок коефициент на тежина и собра најголем број поени во еден настан за да се искачи на највисокиот степеник од пиедесталот во Чиле. За Навратил исто така ова беше најдобар пласман во сезоната со единствениот подиум финиш во 2017 година, додека победникот од Италија, Алесандро де Росе овој пат мораше да се задоволи со третата позиција.

Трофејот на Кралот Кахекили за прв пат оди во Мексико како резултат на генералнот пласман во скоковите за мажи од 27-метарската платформа. „Стани шампион“ беше личната цел на новиот освојувач на трофејот пред стартот на годината и дури во шестата сезона од настапувањето во светската серија тоа му појде од рака, откако минатите сезони имаше пласмани на третото и второто место. Заедно со Паредес и Хант, во првата шесторка која има право на директен настап во 2018 година се најдоа и двајцата Американци Енди Џонс и Дејвид Колтури, Англичанецот Блејк Олдриџ и Италијанецот де Росе.

Скокот на Гери Хант укажа на негово „исклучување“ во текот на последната изведба, поради што ја загуби титулата на крајот со разлика од 10 бода. Пласманот на сонародникот Блејк Олдриџ на третото место во генералниот пласман е негов најдобар резултат во досегашната кариера.

Кај девојките, 26-годишната Ријана Ифленд се врати на платформата по повредата на коленото што ја заработи во Мостар, притоа воздржувајќи се од тренинзи на платформата поставена на 21 метар височина, со цел да го намали стресот врз нејзиното тело. Во првите две рунди имаше солидни скокови, па на крајот успеа да ја заврши сезоната во која ја бранеше титулата со победа која е четврта од шесте натпреварувања во 2017 година. Белорусинката Јана Несцијарева ја заврши сезоната онака како што ја почна, со освојување на второто место, совладувајќи ја најмладата учесничка во натпреварувањето која заврши на третото место. За Хелен Мертен ова исто така беше четврти финиш на подиумот во 2017 година.

Photographer Credit: Alfred Jürgen Westermeyer/Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Alfred Jürgen Westermeyer/Red Bull Content Pool

Во генералниот пласман, Ифленд и Мертен направија „еден-два“ победа за Австралија, додека Мексиканката Адријана Хименез го комплетираше женскиот топ три. Иако беше принудена да одмара поради повреда, Американката Џинџер Хубер го освои четвртото место и се квалификуваше за натпреварувањето во 2018 година.

Другите лиценци за настап беа поделени согласно рангирањето на другите натпреварувања, како што беа Светскиот куп на ФИНА, Светското првенство на ФИНА и „Мармитинг“, па така меѓу десеттемина учесници со постојана лиценца за настап во 2018 кај мажите се најдоа и Михал Навратил (Чешка), Стивен Лобуе (САД), Орландо Дуке (Колумбија) и Крис Коланус (Полска). Кај жените, покрај Јана Несцијарева (Белорусија), перманентна лиценца за настап доби и Германката Ана Бадер, обете за пет сезони учество во светската серија. Во списокот на натпреварувачи за 2018 година се најде и Канаѓанката Лизен Ричард која не успеа да ја заврши сезоната.

Шест тешки натпреварувања донесоа тестирања во кои најдобрите скокачи се надминаа себе си во борба за славата во Светската серија, но се чини дека деветтото издание беше најнепредвидливо од сите до сега. Во акробатски изведби од само три секунди, при посета на непознати локации и скокови од природни чуда до историски места, уште еднаш границите беа поместени во овој брзорастечки спорт за 2017 година. Овој чист екстремен спорт допре до нови, но и до добро познати води низ Европа и Северна Америка, пред да ги круниса новите шампиони во Јужна Америка.

Светската серија Red Bull Cliff Diving со целата своја растечка комплексност на скоковите ги поместува границите на она што е физички возможно, а истовремено ја зголемува листата на победниците и ја вжештува борбата за врвот. Во 2018 година таа ќе прослави 10 години од своето инаугурирање.
ИЗЈАВИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ

Џонатан Паредес, Мексико

За мене ова е нереално, бидејќи доаѓајќи тука во Чиле сакав само да победам на овој натпревар и да му создадам притисок на Гери, но некако очекував дека тој ќе победи. Тоа повеќе наликуваше како дека сакам да го задржам второто место во генералниот пласман, но сакав да победам и да ја завршам сезоната со добра изведба по многуте осцилации. Сега сум надвор од себе, вообичаено многу плачам, но денес сум шокиран. Многу сум среќен, но и малку тажен за Гери, но тоа е спортот. Се надевам дека ќе успеам да го одржам ова ниво во годините што претстојат!

Ријана Ифленд, Австралија

Јас сум многу, многу возбудена, особено доаѓајќи тука по повредата во Босна. Ментално, беше тешко да се блокираат сите тие негативни мисли дека повторно може да се случи нешто грешно. Сега сум тука, натпреварот заврши, а јас сум во неверица дека си одам дома со првото место! Толку многу енергија минува низ моето тело сега, оваа сезона сите беа добри, видовме многу силни изведби од девојките. Неверојатно е чувството да стоиш таму веднаш до сите овие храбри скокачи!

Резултати (мажи): 1. Џонатан Паредес (Мексико) 403,00 2. Михал Навратил (Чешка) 373,15 3. Алесандро де Росе (Италија) 343,10 4. Серхио Газмен (Мексико) 337,50 5. Крис Коланус (Полска) 330,90 6. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 327,65 7. Енди Џонс (САД) 326,30 8. Гери Хант (Велика Британија) 282,60

Резултати (жени): 1. Ријана Ифленд (Австралија) 279,60 2. Јана Несцијарева (Белорусија) 264,85 3. Хелена Мертен (Австралија) 248,10 4. Ана Бадер (Германија) 229,70 5. Жаклин Валенте (Бразил) 197,50, 6. Сесил карлтон (САД) 157,80 7. Адријана Хименез (Мексико) 122,20

Табела (мажи): 1. Паредес 720, 2. Хант 710, 3. Олдриџ 580, 4. Де Росе 530, 5. Џонс 478, 6. Колтури 430

Табела (жени): 1. Ифленд 890, 2. Мертен 740, 3. Хименез 690, 4. Хубер 520

Facebook Коментари