Поврзете се со нас

Шпанија

Трилер со инфаркт завршница за Чави: Барселона прими пет гола и загуби од Вилјареал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/VillarrealCF

Барселона после 38 дена одигра еден меч на домашен терен и понуди вистински фудбалски спектакл за неутралните фанови, но не и за своите кои доживеаја нов шок на „Монжуик“ стадионот.

Тимот на Чави Ернандес повторно ги покажа сите свои слабости во играта во одбрана и му дозволи на Вилјареал да постигне пет гола, од кои два беа во судиското продолжение кое донесе инфаркт завршница за тренерот на Барселона.

Каталонскиот великан одново влезе бавно во еден натпревар и прв прими гол, но оној на Жерард Морено пред крајот на првиот дел беше само најава за експлозијата која следеше во вторите 45 минути.

Вилјареал зголеми на 0:2 во 53-та минута со голот на Акомах, меѓутоа потоа следеше будење на великанот кој во период од 11 минути постигна три гола и направи пресврт.

Гундоган и Педри се погрижија за израмнување на 2:2, автоголот на Баји донесе целосен пресврт во 71-та минута, но тука не беше крајот на возбудувањата. Резервистот Гуедеше донесе голема свежина и израмни на 3:3, а дополнителните 8 минути игра донесоа вистински хаос.

Најпрво беше досуден пенал за Барселона кој беше поништен од ВАР, за до крајот Сорлот и Моралес да постигнат два гола за конечни 3:5 со кои Барселона полека ги губи шансите за титулата во домашното првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни