Трилер со шест гола на „Сигнал Идуна Парк“: Дортмунд спаси бод против „фенерџијата“ Падерборн (Видео)

paderborn

Екипата на Борусија Дортмунд уште еднаш ги разочара своите фанови и освои само бод против „фенерџијата“ Падерборн на вечерашната пресметка во Бундеслигата.

„Милионерите“ одиграа очајно прво полувреме во кое му дозволија на последнопласираниот тим во лигата да стекне предност од 3-0 со погодоците на Мамба (2) и Холтман, плус се повреди шпанскиот напаѓач Пако Алкасер.

Во вториот дел ситуацијата беше поинаква, фаворитот очекувано притисна и тоа даде резултат, па така прво Санчо во 47 минута намали на 3-1. Овој резултат беше активен се до самиот финиш кога во 84 Витсел стрелаше за 3-2 за да во судиското продолжение се најде Ројс за конечни 3-3.

За Дортмунд ова беше 20 сезонски бод, додека пак Падербон стигна 5 во 12 натпревар.

Facebook Коментари