Лига на шампиони
Трилер меч за паметење во ЛШ: Копенхаген со луда победа му зададе тежок удар на Јунајтед (Видео)

Манчестер Јунајтед можеше да избие на второто место во својата група доколку оствареше победа на „Паркен“, па иако беше на добар пат да направи такво нешто, сепак „ѓаволите“ на крајот доживеаја голем шок и претрпеа нов сериозен удар во Европа.
Фаворизираниот тим од Англија поведе во Данска со двата гола на Расмус Хојлунд и се чинеше дека тимот на Ерик Тен Хаг ги контролира случувањата на теренот, но тоа беше така до 42-та минута.
Невнимателниот Маркус Рашфорд заработи директен црвен картон и ги остави соиграчите на цедило, а Копенхаган до крајот на првиот дел израмни со головите на Елјунуси и Гонсалвеш.
Копенхаген со играч повеќе на теренот продолжи да напаѓа во вториот дел и имаше силна иницијатива, но при една акција на гостите, Мегваер се избори за пенал и донесе огромна шанса за Јунајтед.
Бруно реагираше како вистински капитен и испрати неодбранлив удар од 11 метри за 2:3, но до крајот имаше уште 20 минути и Данците повторно успеаја да се вратат, а на крај и да остварат голема победа.
Лерагер израмни на 3:3 во 83-та минута, а четири минути подоцна 17-годишниот Бардаџи погоди за 4:3 и му зададе тежок удар на англискиот великан. Копенхаген со првата победа во групата сега втор со четири бода, исто толку има и Галатасарај, додека Јунајтед е четврти со три бода. Во последните две кола ќе се одлучува за патникот во следната фаза, бидејќи Баерн Минхен е сигурен на првото место и веќе е во осминафиналето.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча