Поврзете се со нас

Светски првенства

Трик-додавањето на Роналдо ги воодушеви фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо остана пократок за еден мундијалски гол поради одлуката која ја донесе ФИФА, бидејќи погодокот кој првично му беше впишан него, подоцна беше препиршан на Бруно Фернандеш.

Португалскиот капитен се изнарадува на голот за 1:0 против Уругвај и по крајот на мечот самиот покажуваше дека имал контакт со топката, но засега одлуката на ФИФА останува онаа втората, која вели дека стрелец на погодокот е Бруно.

Фернандеш го постигна и вториот гол од пенал во ситуација кога Кристијано се повлече на клупата за резерви, но од победата од 2:0, во сеќавање ќе остане и едно трик-додавање на Роналдо.

Големата португалска ѕвезда изведе еден извонреден потег во првото полувреме од мечот во Катар, бидејќи својот соиграч Карвалјо успеа да го проигра на навистина лукав начин.

Роналдо со рамо го пронајде својот колега од средниот ред, кој доколку прецизно го зафатеше волејот, без никаков сомнеж ќе го постигнеше најдобриот гол на Светското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни