Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Трифун Костовски: Би сакал Вардар да му се придружи на Кометал како нов европски шампион!

Објавено

на

„Кометал Ѓорче Петров“ е единствената македонска екипа што досега успеала да стигне до трофејот во најелитното ракометно натпреварување во женска конкуренција, но сопственикот на поранешниот тим, Трифун Костовски, изјави за „Дерби“ дека би сакал Вардар да успее да стигне до пехарот на претстојниот „Фајнал 4“ турнир во Будимпешта.

Од триумфот на „Кометал Ѓорче Петров“ поминаа точно 15 години, кога во финалето на натпреварувањето беше совладан унгарскиот тим Херц Ференцварош.

– Искрено се надевам дека титулата на „Кометал Ѓорче Петров нема да остане единствена. Му посакувам многу среќа на Вардар овој викенд, ќе бидам порадосен ако нашиот успех биде повторен. Имам само еден совет за Вардар, а тоа е наместо да водат војна со институциите, да најдат начин за соработка. Верувам дека на тој начин ќе бидат поуспешни, па ќе ја освојат и титулата во машка конкуренција,- рече Костовски.

Навраќајќи се на јубилејот од освојувањето на европската титула, сопственикот на клубот што беше „страв и трепет“ на европската сцена најави интерен собир со генерацијата што го носеше дресот во 2002 година.

– Планираме настан на кој што ќе ги поканиме сите ракометарки, да се дружиме и уште еднаш да го изгледаме натпреварот кој влезе во историјата на македонскиот ракомет. Веќе е потврдено доаѓањето на Лариса Кисељева, таа беше една од најопасните во нападот, а наскоро би требало да потврдат и останатите. Планираме тоа да биде на 19 мај, денот кога ние станавме европски шампиони, а до тогаш ќе се знае и резултатот на Вардар, па можеби ќе имаме двојно славје,- оптимистички најави македонскиот претприемач, кој своевремено ја предводеше и Ракометната федерација на Македонија.

Натпреварот Вардар – Букурешт се игра в сабота со почеток во 17.45 минути, а во првото полуфинале од 15.15 часот играат Будуќност – Ѓер.

trifun i rakometarki 2012 jubilej 10 godini

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни