Тричковски стрелаше за победа, навивачите му ја расцепија главата на судијата (Видео)

tricko

Тимот на АЕК Ларнака е пред пласман во следната фаза во квалификациите за пласман во Лига Европа и тоа откако вечерва славеше на гостувањето кај Штурм со 2-0.

Еден од погодоците за кипарскиот состав беше дело на нашиот репрезентативец, Иван Тричковски кој стрелаше во 74 минута. Меѓутоа по овој гол на Тричко се случија непосакуваните сцени и еден од помошниците на главниот судија беше погоден со шише кое долета од трибините, удар по кој бликна крв од главата на судијата.

Мечот потоа беше прекинат, но по паузата актерите се вратија на теренот и ја доиграа завршницата во која немаше промени освен црвениот картон што го доби домашниот играч Хиерландер.

Facebook Коментари