Поврзете се со нас

Свет

Тричковски со рутински гол ја заокружи победата на АЕК Ларнака, Лазаров ја промени средината во Хрватска (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/AEKLARNACAOFFICIAL

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски постигна гол за неговиот тим АЕК Ларнака во рамките на 21. коло во првата лига на Кипар.

Гостите го потврдија статусот на фаворити и славеа во дуелот со Кармиотиса со 3-1. Во вториот дел АЕК го скрши отпорот на домаќинот, а погодокот со кој беа потврдени трите бода беше дело на Тричковски во 88 минута.

Инаку искусниот напаѓал влезе во игра во 79 минута, па му требаше малку време за да даде значаен придонес во 12. сезонско славје по кое клубот од Ларнака сега има 42 бода е и на второто место на табелата.

Кога се во прашање македонските интернационалци, Aндреј Лазаров ја промени клупската средина во Хрватска и Рудеш го замени со Горица.

-Секогаш ќе го давам максимумот за екипата и се надевам дека заедно ќе остваруваме добри резултати и ќе избориме за што повисока позиција на табелата, -порача Лазаров кој се обврза на договор до 2025 година.

foto:www.facebook.com/FCGorica

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни