Поврзете се со нас

Балкан

Тричковски погоди два пати, АЕК Ларнака го преслуша лидерот Аполон (Видео)

Објавено

на

Иван Тричковски го предводеше неговиот тим АЕК Ларнака до убедлива победа во кипарското првенство, постигнувајќи два гола во триумфот 1:4 на гостувањето кај Аполон.

АЕК Ларнака оствари значајна победа во Лимасол, а Тричковски ја најави откако го отвори резултатот уште во 4. минута.

Нашиот фудбалски интернационалец го реализираше и третиот гол, овој пат во второто полувреме, кога АЕК Ларнака поведе со 0:3 и стави крај на секаква неизвесност на оваа средба.

Со оваа победа над актуелниот лидер во првенството, АЕК Ларнака има 11 бодови или само еден помалку од Аполон, кој барем уште едно коло ќе биде на првата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни