Тричковски со одличен погодок спречи славје на Гент на Кипар (Видео)

tricko

Иван Тричковски продолжи да дава голови во квалификациите за Лига Европа, па така откако минатата седмица му даде четири на Левски денеска погоди и во пресметката со Гент.

Гостите од Белгија долго време водеа на Кипар благодарение на Јаремчук, но последниот збор го имаше АЕК Ларнака и тоа преку нашиот Тричковски кој во 88 минута реагираше фантастично во шестнаесетникот и со удар со глава ја смести топката во мрежата на противникот за конечни 1-1.

Реваншот се игра на 15 август, а Тричко, Мојсов и компанија ќе мора да постигнат најмалку еден гол ако сакаат да останат во игра за пласман во следната фаза.

Facebook Коментари