Тричковски и Мојсов со АЕК Ларнака го освоија Купот на Кипар (Видео)

tricko-mojsov titula

Екипата на АЕК Ларнака е освојувач на Купот во Кипар откако во финалето беше подобра од Аполон Лимасол со 2:1, a тоа значи трофеј и за македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

Тимот на Аполон прв дојде во водство во продолжението од првото полувреме, а патот до мрежата го најде Шембри.

Сепак, АЕК кој беше фаворит во ова финале за само две минути направи целосен пресврт и со тоа успеа да ја круниса сезоната со трофеј од Купот на Кипар. Најпрво во 69. минута Таулемесе изедначи на 1:1, за во 71. минута Акоран да зголеми на 2:1.

Со оваа победа АЕК ја прекина доминацијата на Аполон во кипарскиот куп. Клубот од Лимасол во последните две години беше шампион во купот на оваа островска земја.

Инаку, за клубот во кој настапуваат Тричковски и Мојсовв ова е прво освојување на Купот по 14 години. Македонските интернационалци го одиграа целиот натпревар и се закитија со својот прв трофеј во дресот на АЕК Ларнака.

Facebook Коментари