Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски го постигна својот 11. сезонски погодок во првата лига на Кипар и тоа против актуелниот лидер Анортозис.
Тричковски се најде на вистинското место во 92 минута и силно, прецизно биеше во мрежата на гостите за конечни 2-1, односно овој негов погодок не беше доволен за поволен резултат на АЕК Ларнака.
Освен напаѓачот сите 90 минути кај домаќините беше активен стоперот Даниел Мојсов.
АЕК Ларнака е на 5 место со 15 бода, додека Тричко е на првата позиција кога е во прашање листата на стрелци.
Facebook Коментари