Поврзете се со нас

Балкан

Тричковски ја продолжи серијата, АЕК Ларнака на врвот во кипарското првенство (Видео)

Објавено

на

Македонскиот интернациналец Иван Тричковски ја продолжи голгетерската серија во кипарското првенство и има сериозни заслуги за новата победа на АЕК Ларнака.

Составот од Ларнака победи на гостувањето кај Анортозис (1:2), а Тричковски реализираше пенал во 35. минута со кој донесе почетно водство, подоцна потврдено од Дербишир.

Домаќините во последните моменти само намалија, постигнувајќи ги конечните 1:2, што значи четврта победа по ред за АЕК Ларнака во кипарскиот шампионат.

Тричковски кој неодамна го продолжи договорот со актуелниот тим, останува убедливо прв на листата на стрелци во шампионатот, со осум голови на седум натпревари.

АЕК Ларнака е лидер со 17 бодови, или два повеќе од второпласираниот Аполон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни