Тричковски ја продолжи гол серијата на Кипар (Видео)

ivan

Македонскиот напаѓач, Иван Тричковски се запиша во листата на стрелци и во третиот сезонски натпревар во првата лига на Кипар.

Нашиот репрезентативец оваа вечер ја затресе мрежата на Олимпијакос Никозија од пенал во 27 минута кога донесе водство за АЕК Ларнака од 2-0. Меѓутоа во продолжението домаќините се разбудија и успее да се изборат за бод на оваа средба (2-2).

Ова за Тричковски беше петти гол со што е прв голгетер во кипарскиот шампиона. АЕК Ларнака пак со 5 бода е на второто место на табелата.

Facebook Коментари