Тричковски ја отвори сметката во новата сезона на Кипар (Видео)

tricko

Репрезентативецот на Македонија, Иван Тричковски го постигна својот прв гол во новата сезона за АЕК Ларнака во шампионатот на Кипар.

Тричко победи во убедливата победа од 4-0 на гостувањето кај Ермис, својот гол го даде со глава во 33 минута од средбата. Тој беше во игра до 72 минута кога беше сменет од Томас, додека пак дефанзивецот Даниел Мојсов го одигра целиот натпревар.

Кај Ермис пак шанса доби стоперот Александар Дамчевски и тоа од 30 минута кога го замени Таралидис.

Facebook Коментари