Поврзете се со нас

Балкан

Тричковски доби нов договор од АЕК Ларнака

Објавено

на

Македонскиот напаѓач, Иван Тричковски и во наредниот период ќе го носи дресот на кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака.

Тричко од 2016 година е дел од оваа средина, клуб за кој настапува со голем успех, клуб во кој дојде до капитенската лента. Во АЕК исклучително го ценат Македонецот, па така тој според новиот договор ќе остане до 2022 година.

Досега за составот од Ларнака има одиграно 163 натпревари на кои има дадено 67 голови во лигата, 10 во Купот и 20 во Европа.

Како за потсетување во АЕК освен Тричко се и Даниел Мојсов и Стефан Спировски кој пристигна ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни