Тричко стрелаше, АЕК го потврди пласманот во четвртфиналето на Купот (Видео)

ivan

Тимот на АЕК Ларнака за кој настапуваат нашите интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов обезбеди четвртфинале во Купот на Кипар.

Денеска овој тим славеше со 2-1 на гостувањето кај Арис со 2-1 и со вкупно 6-1 обезбеди пласман во следната фаза на ова натпреварување. Со гол во триумфот учествуваше Тричковски кој ја затресе мрежата на домаќините во 32 минута носејќи израмнување (1-1) во тие тие моменти.

Во вториот дел фаворитот постигна уште еден погодок и со победа го завери патот кон осумте најдобри.

Facebook Коментари