Поврзете се со нас

Атлетика

Триатлонот повторно се враќа во Скопје!

Објавено

на

Со техничка поддршка на Триатлон Федерација на Северна Македонија, на 14 ти Мај 2022 година, ќе се одржи „Триоги Триатлон 2022“.

Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот Центар “Борис Трајковски”. Пливачкиот сегмент ќе се одржи на базенот “Борис Трајковски”, за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар. Детални мапи од сите сегменти ќе бидат објавени набрзо.

Натпреваувачите ќе бидат поделени во категории според нивната возраст:
– Сениори/ки (2002 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Јуниори/ки (2003-2006): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Кадети/ки (2007-2009): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање;
– Деца 2 (2010-2012): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
– Деца 1 (2013 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање.
-Рекреативци (Age Group), 2001 година и постари: 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
-Тимски (Бизнис) Триатлон: 3 члена од кои барем еден учесник од машки и еден од женски пол (мешани тимови) – секој учесник одработува по една дисциплина: 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање.

Пријавувањето е отворено до 7 мај, а најавен е и директен ТВ пренос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни