Поврзете се со нас

Германија

Триаголник Баерн-Лајпциг-Барселона: Еден трансфер ќе повлече друг, Барселона ќе остане без големиот талент

Објавено

на

Се ближи крајот на преодиот рок, а пред истиот можеби ќе бидеме сведоци на интересен триаголник во кој ќе бидат вклучени бундеслигашите Баерн Минхен и РБ Лајпциг и шпанскиот прволигаш Барселона.

Имено клубот од Минхен сериозно размислува за тоа дали да притисне за ангажман на членот на „биковите“, Марсел Сабицер. Австриецот е во последната година од договорот и наводно веќе ги договори личните услови во германскиот шампион, па останува сега да се разберат клубовите.

Лајпциг бара 15 милиони евра и Баерн се уште размислува дали да вложи толку средства со оглед на тоа што се уште има играчи од кои треба да се повлече. Во случај да составот од Минхем ги задоволи барањата на ривалот од Бундеслигата, тогаш Лајпциг со собраните средсва ќе го „нападне“ големиот талент на Барселона, Илаиш Мориба.

Мориба е на излезни врати од „Камп Ноу“, не сака да го прифати договорот за продолжување на соработката, ама во исто време и Барселона нема намера да го пушти под цена макар и да го седне играчот на трибини цела кампања.

Каталонците бараат 15 милиони евра, сума која може да пристигне од Лајпциг за да се комплетира трансферот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни