Поврзете се со нас

Англија

Три страшни гола и голема драма на „Енфилд Роуд“, Премиер лигата понуди спектакл со 18 погодоци! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Премиер лигата донесе неверојатни два часа фудбал ова попладне, бидејќи на четири натпревари беа постигнати дури 18 погодоци, како и две победи на домашните екипи.

Убедливо најдраматично и највозбудливо беше на „Енфилд Роуд“ каде Ливерпул и Фулам се погрижија за трилер со седум гола, од кои три беа навистина страшни и сите беа постигнати во мрежата на Бернд Лено.

Трент Александер Арнолд, Мак Алистар и Ендо постигнаа спектакуларни погодоци, првите двајца за водство од 1:0 и 2:1, а третиот за враќање во игра во ситуација кога Фулам поведе со 2:3.

Ендо се покажа како одличен „џокер“ и израмни на 3:3 во 87-та минута, а Арнолд 60 секунди подоцна со својот втор гол го комплетираше пресвртот за конечна победа за Ливерпул.

Погодоците за Фулам ги постигнаа Вилсон, Тете и Де Кордова, но менаџерот Марко Силва и покрај тоа остана со празни раце во возбудливата пресметка во домот на „црвените“.

Атрактивно и интересно беше и на „Стемфорд Бриџ“, каде Челси во отворена пресметка со пет гола успеа да го совлада Брајтон со 3:2. Домаќините успеаја да победат со играч помалку поради исклучувањето на Галагер, а херој беше Енцо Фернандез кој постигна два гола. Еден постигна и Колвил, додека за гостите погодија Бонаноте и Жоао Педро.

На останатите два меча, Борнмут и Астон Вила одиграа 2:2, додека најмирно беше во Лондон каде Вест Хем и Кристал Палас ремизираа 1:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни