Поврзете се со нас

Англија

Три премиерлигашки ѕвезди ќе ги скокнат натпреварите на Англија во Лигата на нации

Објавено

на

foto: x.com/England

Англиската фудбалска репрезентација се подготвува за првите настапи под водство на новиот селектор Ли Карсли, а вечерва стана јасно дека „трите лава“ ќе бидат ослабени за тројца важни играчи во Лигата на нации.

Кол Палмер, Оли Воткинс и Фил Фоден нема да бидат во комбинација за претстојните натпревари и ќе се концентрираат на клупските обврски наредниот период поради различни причини.

Фоден бил болен и воопшто не се ни појавил на собирот на националниот тим, додека Палмер и Воткинс ги почнале подготовките со колегите, но дозволено им е да го напуштат репрезентативниот камп и да продолжат со санирање на ситните проблеми под надзор на клупските лекари.

Карсли им додели повици на Анхел Гомеш, Нону Мадуеке, Тино Ливраменто и Морган Гибс-Вајт, а во националниот тим ги врати Џек Грилиш и Хари Мегваер.

Англичаните прво и гостуваат на Република Ирска во Даблин, а потоа ја пречекуваат Финска на „Вембли“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни