АТП
Три позитивни теста одведоа 47 учесници на Аустралијан опен во двонеделна изолација

Подготовките за новото издание на Аустралијан Опен доживеа сериозен удар, откако дури 47 учесници на овој грен-слем турнир ќе мораат да одат во двонеделен карантин.
Неколку позитивни случаи од два авионска лета реализирани од организаторот значат дека според нивниот протокол, сите 47 патници треба да одат во изолација во хотелска соба, која не смеат да ја напуштат во наредните 14 денови.
Информациите велат дека во еден од летовите, позитивен тест имал тренерот на романската тенисерка, Бјанка Андрееску, по што сите инволвирани ќе имаат голем хендикеп пред почетокот на првиот грен-слем турнир.
За разлика од нив, тенисерите и тенисерките кои не се во изолација, имаат право на пет часа тренинг во текот на секој ден во рамките на својот „меур“, што ќе ги одржува во многу подобра форма.
Меѓу изоларините учесници од летовите од Абу Даби и Лос Анџелес се Викторија Азаренка, Слоан Стивенс, Хетер Вотсон, Пабло Куевас, Тенис Сандгрен и други.
Организаторите го поместија терминот на турнирот за во февруари токму поради пандемијата, а Австралија се смета за една од земјите кои имаат најдобар систем за справување со коронавирусот, откако досега се пријавени само 28.700 заразени и 909 починати од последиците од коронавирусот.

- Англијапред 22 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 20 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Светпред 20 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Италијапред 23 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Англијапред 21 час
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал
- Шпанијапред 17 часа
Жоао Феликс го замолкнуваше Симеоне, тренерот на Атлетико му одговори со стил (Видео)
- Англијапред 9 часа
Сколс шокиран од заклучокот на Тухел: Дефинитивно гледал друг натпревар!