Три пенали на „Сан Паоло“, Елмас и Наполи обезбедија четвртфинале во Купот на Италија (Видео)

insinje-lorente

Тимот на Наполи е вториот патник во четвртфиналето на Купот на Италија и тоа откако попладнево пред своите гледачи ја оправда фаворитската улога и славеше над второлигашот Перуџа со 2-0.

Ова беше средба која донесе дури три пенали и тоа во првите 45 минути. Имено домаќините добија две можности да бијат од белата точка, а двете ги искористи капитенот Инсиње во 26 и 38 минута. Гостите добија шанса да се вратат во игра во судиското продолжение, но Имело не успеа да го надмудри Оспина од 11 метри.



Второто полувреме беше мирно, па калчолигашот обезбеди билет за четвртфиналната фаза во ова натпреварување.

Нашиот Елиф Елмас се најде во почетната постава на наполитанците и ги одигра сите 90 минути.

Facebook Коментари