Поврзете се со нас

Италија

Три пати полошо од предвиденото: Ужасната повреда на Осимен ги шокираше Елмас и соиграчите (Фото)

Објавено

на

Веста за ужасната повреда на Виктор Осимен во дербито со Интер ги исплаши фановите на Наполи, но дефинитивно, никој не очекуваше лекарски извештај каков оној што го објави клубот од Неапол ова попладне.

Прогнозите беа дека Осимен ќе биде во аут еден месец поради фацијална операција, но интервенцијата испаднала многу покомплицирана од тоа што првично изгледало, па така Нигериецот сега ќе биде во аут цели три месеци.

Ова е огромен удар за Елиф Елмас и сите останати соиграчи од Наполи, но пред се за тренерот Лучијано Спалети кој останува без својот најдобар напаѓач до крајот на месец февруари или март.

Истовремено, оваа вест значи дека Осимен нема да настапи на Африканскиот Куп на нации кои ќе се игра на почетокот на годината, што ќе биде голем удар и за амбициите на Нигерија.

Во официјалното соопштение, Наполи информира дека биле употребени титаниумски плочи и завртки за санирање на скршениците на јаболчната коска и очниот отвор, а фудбалерот ќе остане под надзор во болница и во наредните неколку дена.

Осимен се повреди по еден брутален дуел со Шкриниар на стартот на второто полувреме на „Џузепе Меаца“, меч кој се покажува како последен за него во оваа 2021-ва година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни