Поврзете се со нас

Шпанија

Три опции кои Aнчелоти може да ги користи: Каде Мбапе ќе игра во Реал Мадрид?

Објавено

на

Килијан Мбапе си заминува од Пари Сен Жермен по крајот на оваа сезона и ако нема некое големо изненадување во последен момент негов нареден клуб ќе биде Реал Мадрид со кого според доста медиуми веќе се има договорено за соработка во наредните пет години.

И додека се чека официјализирање на оваа зделка, новинарите продолжуваат да пишуваат за Французинот, да анализираат и да се обидуваат да дадат одговори на некои прашања кои публиката, јавноста ги бара, посакува да ги знае. Доаѓањето на Мбапе е голема вест за „кралевите“, но тоа носи и една голема дилема, како и каде ќе биде користен од тренерот Карло Анчелоти ако се земе предвид дека тој најдобро се снаоѓа на левата крилна позиција, а таму незаменлив во Реал е фантастичниот Винисис Жуниор.

Според „АС“ има три опции, стратегии за Мбапе во кои првата би била формација 4-3-3 во кој тој би бил централен напаѓач, Винисиус и Родриго би играле на крилните позиции, додека Белингем би бил повлечен на средината на теренот.

Вториот би бил систем во кој би немало место за Родриго, поточно Белингем би играл како „десетка“, а најистурени би биле Килијан и Вини Жуниор.

Третата идеја е Белингем да игра како лево крило, Винисиус на спротивната страна, а Мбапе во бил во центарот на таа приказна.

Дон Карло дефинитивно ќе има доста опции, алтернативи, ама со оглед на конкуренцијата повеќе од јасно е дека некој ќе мора да се задоволи со помала минутажа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни