Поврзете се со нас

Македонија

„Три од три“ за новиот суперлигаш: Алкалоид го урна и Охрид

Објавено

на

Екипата на РК Алкалоид продолжи да реди победи во Суперлигата, а најновата дојде денеска против ГРК Охрид кој беше совладан со резултат 24-22.

Избраниците на Кирил Лазаров во претходните две рунди ги декласираа Прилеп и Куманово, но ова денеска беше најтежок тест на кој новајлијата во елитното друштво одговори и запиша триумф кој е потврда за квалитетот.

Првиот дел мина во изедначена игра и домаќинот на паузата замина со преднист од 12-11. Вториот дел донесе фуриозна игра на Алкалоид кој дојде до позитива од 17-12 и потоа не му дозволи на противникот да се врати во игра иако имаше обиди на гостите од Охрид.

Стојков со 6 гола беше прв стрелец кај победникот, додека кај порзените Озтур беше автор на 7 погодоци.

Останати резултати: Јуниор-Тиквеш 25-32, Вардар Неготино-Куманово 24-26, Бутел-Струга 27-25, Радовиш-Тинекс Пролет 27-27

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни