„Три од три“: Македонците згазија на турнирот во Нови Сад

tomi

Македонските тенисери Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бесир Дургути оставрија победи на денешните мечеви од првото коло на ИТФ фјучерсот во Нови Сад (Србија) што се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

Јотовски како четврти носител го збриша Самуел Ходор од Словачка со 2-0 во сетови (6-0, 7-5) по скоро два часа игра. Србљак и Дургути кои дојдоа до оваа фаза преку квалификациите славеа над Уго Шот (Франција) и Душан Рајиќ (Србија).

Горазд славеше над Шот со пресврт со 2-1 во сетови (4-6, 6-1, 6-0), а на истиот начин Дургути беше подобар од Рајиќ (3-6, 6-3, 6-3).

Ова значи дека Томи во втората рунда ќе се соочи со Хрватот Ајдуковиќ, Горазд ќе излезе на мегдан против Ерги Киркин (Турција) кој пак на претходниот турнир беше подобар од Јотовски, додека Бесир ќе му се спротистави на третиот носител Петер Наѓ од Унгарија.

Својот настап на фјучерсот го заврши Стефан Мицов кој во игра на двојки со Лингхи Жао од Кина загубија од првите носители Петер Наѓ (Унгарија) и Моез Ешаргуи (Тунис) со 6-3 и 7-6.

Facebook Коментари