Три месеци откако доби ќерка, Роберто Карлос стана и дедо

roberto-nasmean

Поранешниот бразилски фудбалер Роберто Карлос денеска се пофали дека станал дедо на 44-годишна возраст. Џована, ќерката на Бразилецот од првиот брак го родила синот Педро на 20-годишна возраст, а Карлос се пофали со фотографија на социјалните мрежи.

Роберто Карлос има пет деца од два брака (вториот е актуелен од 2009 година) и уште четири деца со негови вонбрачни партнерки. За да биде поинтересно во неговата фамилија, Бразилецот го доби деветтото дете пред само три месеци, а тоа е второ во бракот со неговата сопруга Маријана Лусон.

Facebook Коментари