Шпанија
Три меча ќе ја одредат судбината на Анчелоти во Реал

Карло Анчелоти отвори сомнежи околу функционирањето на ВАР системот во Шпанија по поразот кој го претрпе Реал Мадрид на „Ел Класико“, но истовремено, се отворија и сомнежи околу неговата тренерска иднина на „Сантијаго Бернабеу“, за која сигурно ќе има многу појасна слика по крајот на месец април.
Италијанецот ќе ги мине овие 10-тина дена во доста лошо расположение поради фактот што Барса практично ја завери титулата во Ла Лига со победата од 2:1 на „Камп Ноу“, но и свесен дека во месец април ќе се бори за својата работа во „кралскиот клуб“, особено во ситуација кога се знае дека Флорентино Перез не задржал ниту еден тренер кој ја завршил сезоната без освоен трофеј (светското клупско првенство се смета за трофеј од минатата година).
Како што тврди и угледниот „АС“, Анчелоти ќе има три „финалињ“ во првите 18 дена од месец април, односно натпреварите против Барселона и Челси ќе дадат појасна слика за тоа дали ќе ја врати довербата кај Перез, или повторно ќе видиме сценарио како во првата етапа, кога заработи отказ по крајот на втората сезона.
Реал Мадрид на стартот на месец април го игра реваншот против Барселона во Копа дел Реј и од тоа ќе зависи дали тимот ќе остане „жив“ во Купот, но клучни се очекува да бидат двете пресметки против Челси на 12-ти и 18-ти април.
Овие три меча се посочени како „финалиња“ за италијанскиот стручњак и неговите фудбалери, а истите можат комплетно да го променат текот на сезоната и на крајот брзо да се заборави големото „Ел Класико“ разочарување и лошата ситуација во Примера.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)